Болоња и Рома одиграа здодевно 0:0 реми на „Ренато Дал’Ара“, во меч кој речиси сигурно значи крај на надежите на „волчицата“ за пласман во топ 4 и место во Лигата на шампиони.
Ова е петти меч во низа во кој Рома не успева да победи, така што тимот на Жозе Мурињо ќе треба да се фокусира на Лига Европа, единствениот пат до можно место во Лигата на шампиони.