Top Sport

(Видео) Гризлис пак го суспендираа Морант по новото видео со пиштол

Мемфис гризлис го суспендира Џа Морант од сите активности на тимот откако се појави ново видео во кое кошаркарот пак е со пиштол и стана вирално во саботата навечер. Ова доаѓа два месеци откако Морант беше суспендиран за сличен инцидент.

Во саботата, во видео на Инстаграм со неговиот пријател Давонте Пек, Морант го покажа пиштолот додека се возеше во автомобил и пееше рап-песна.

Морант во март влезе во програма за рехабилитација откако се појави со пиштол во ноќен клуб во Денвер пред мечот со Нагетс. Потоа тој беше суспендиран осум меча по состанокот со комесарот на НБА лигата, Адам Силвер. Тој тогаш вети дека ќе се попррави и дека ќе биде „поумен, поодговерен и подалеку од лошите одлуки“.

Ова е последен во низата инцииденти на Морант. Тој се соочува со судски случај по тужбата од еден средношколец со кој се тепаше во неговиот двор.

Scroll to Top