Неуспехот во Лигата на шампионите ќе донесе големи промени во ростерот на ПСЖ во наредната сезона. Клупските челници подготвуваа чистка во соблекувалната. Планот, според медиумите во Франција им бил да го растурат аргентинскиот клан.
Во ситуација кога е нејасен статусот на Килијан Мбапе, во ПСЖ ја подготвиле трансфер листата.
Доколку го одработата преодниот рок според плановите, на „Паркот на принцовите“, од четворицата Аргентинци ќе остане само еден.
Во Париз ќе остане само Лионел Меси, додека клубот ќе го напуштат неговиот добра пријател Анхел Ди Марија, потоа Леандро Паредес и Мауро Икарди.
Ди Марија клубот ќе го напушти како слободен играч, откако не доби понуда да го продолжи договорот, додека Икарди и Паредес, се ставени на трансфер листата.
За овие двајца, во минатото, на Интер и Зенит, ПСЖ платија вкупно 100.000.000 евра.