Top Sport

Баерн го напушта некогаш најскапиот играч во Бундеслигата

Баерн Минхен на својата официјална страница објави дека летоска од клубот си оди шпанскиот фудбалер Хави Мартинез (32). Тој во Баварија дојде од редовите на Атлетик Билбао во 2012 година за 40 милиони евра што во тоа време беше најскапиот трансфер во историјата на Бундеслигата.

До тогаш рекордот го држеше голгетерот Марио Гомез кој во Баерн дојде од редовите на Штутгарт 3 години порано за 30 милиони евра.

Мартинез е многу блиску до деветата шампионска титула на Германија со Баварците, а има освоено во „црвениот„ дрес и 5 титули во Купот, двапати беше шампион во Лигата на шампиони.

За „Црвената фурија“ има 18 настапи.

Се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Се споменува заминување во МЛС лигата, во Азија, но и враќање во татковината. Најсериозни кандидати за неговиот потпис се Атлетик Билбао, Валенсија и Вилјареал.

Scroll to Top