Бекот на Беневенто, Гаетано Летиција вели дека Јувентус веќе не се „страшен“ тим, откако во неделата тој постигна гол за да извлече реми со актуелниот италијански шампион. 30-годишниот ветеран вели дека промените во Јувентус го направиле своето и дека сите тимови во Серија А сега имаат верба дека можат да се надигруваат со нив.
„Мислам дека овој Јувентус веќе не е страшен. Не е истиот тим од пред три-четири години. Тогаш, кога излегуваше против ‘бјанконерите’ знаеше дека ќе загубиш. Сега, веќе не е така. Имате чувство дека можете да играте против нив, иако се силен тим“, вели Летиција.
Тој додава дека Пирло решил да не го игра Кристијано Роналдо бидејќи мислеле дека Беневенто ќе биде „лесен залак“.
„Мислам дека решија Роналдо да не игра бидејќи не потценија. Мислеа дека ќе не победат и без него, а тоа е голема грешка во фудбалот. Мислам дека за скудетото сега веќе не се први фаворити, и дека Наполи и Интер ќе ги предизвикаат“, додава Летиција.