Top Sport

За да го гледаат Тајсон платиле повеќе луѓе отколку за Хабиб, Конор и Фјури!

Мајк Тајсон уште е едно од најголемите спортски имиња на денешницата и покрај тоа што има над 50 години, може да се заклучи од бројките за пеј-пер-вју гледања на неговиот камбек во езгибицискиот меч против Рој Џонс Јуниор.

Мечот можеби заврши со реми, но предизвика доволно внимание за да привлече 1.2 милиони пеј-пер-вју плаќања, двојно повеќе од мечот за титулата во тешка категорија помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, и повеќе од мечевите на УФЦ мегаѕвездите Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов.

Американската ТВ-мрежа „Трилер“ постави фантастично висока цена од 50 долари за мечот на Тајсон, што според многумина беше огромен ризик, но тоа се исплатеше. Единствен меч кој добил повеќе пеј-пер-вју купувања во 2020 бил мечот во УФЦ помеѓу Камару Усман и Хорхе Масвидал за титулата во велтер категорија (1.3 милиони). Конор Мекгрегор против Доналд Серон продал 1 милион пеј-пер-вју гледања, додека Хабиб против Џастин Гетџи стигнал до бројката од 675.000.

Уште позачудувачки, Тајсон ја донираше целата својата заработувачка во добротворни цели и планира да има други егзибициски мечеви.

Scroll to Top