По одлуката на УЕФА да ги исфрли од европските натпреварувања во следните две сезони и да ги казни со 30 милиони евра Манчестер сити, од Англија доаѓа веста дека покрај тоа, тие можат да добијат и казна со одземање поени од оваа сезона во Премиер лигата, јавува „Индепендент“.
Сити доби толку драстична казна поради тоа што ги лажирале податоците за парите од спонзорите, кои во исто време се и „сестрински“ компании на главната компанија сопственик на Сити, односно кралското семејство на Абу Даби.
„Извори од УЕФА велат дека одлуката ќе ја примора и Премиер лигата да направи некакво дејство поради тоа што и лиценцата на ПЛ зависи од правилата за финансиски ферплеј на УЕФА. Проблемот е во тоа што секој клуб мора да даде точни информации за да добие лиценца во Премиер лигата, а тие информации мора да се идентични со тие дадени во УЕФА. Премиер лигата веќе покрена процедура за казнување, односно за одземање поени“, се вели во извештајот на „Индепендент“.
Сити на одлуката реагираа со соопштение во кои велат дека не се изненадени од одлуката на УЕФА по „нефер и нетранспарентната“ постапка на европската куќа на фудбалот и потврдија дека ќе се жалат пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС).
УЕФА со шлаканица за Манчестер сити – две години без Лигата на шампиони и казна од 30 милиони евра!