Top Sport

Од Манчестер 22 играчи се во четврт-финалето на СП

Градските ривали од Манчестер, Јјунајтед и Сити имаат најмногу играчи во завршницата на Светското првенство во Катар. По 11 играчи од двата тима ќе бидат дел од четвртфиналето, со тоа што Сити навистина би можел да состави комплетен тим бидејќи има и голман.

Играчи на „црвените ѓаволи“ се англиските репрезентативци Маркус Рашфорд, Хари Мегваер и Лук Шо, Аргентинецот Лисандро Мартинез, Португалеците Диого Далот и Бруно Фернандеш, Бразилците Антони, Фред и Касемиро, францускиот дефанзивец Рафаел Варан и младиот Холанѓанец Тирел Маласија.

Членовите на популарните „Граѓани“ се Англичаните Фил Фоден, Џон Стоунс, Кајл Вокер, Џек Грилиш и Калвин Филипс, Аргентинецот Хулијан Алварез, бразилскиот голман Едерсон, Португалците Жоао Кансело, Рубен Дијас и Бернардо Силва, Холанѓанецот Нејтан Аке.

По клубовите од Манчестера, следните клубови имаат најмногу играчи во четвртфиналето:

8 – Пари Сен Жермен

7 – Баерн и Ајакс

6 – Арсенал, Атлетико Мадрид, Барселона, Челзи, Јувентус, Реал Мадрид, Севиља, Тотенхем

5 – Ливерпул

За петок и сабота се закажани четвртфиналните натпревари. Се среќаваат Бразил – Хрватска, Холандија – Аргентина, Мароко – Португалија и Англија – Франција.

Scroll to Top