Голманот на Атлетик Билбао, Унаи Симон беше предмет на потсмев на шпанските навивачи по смешниот автогол кој го постигна во осминафиналето против Хрватска, но по вечерва, тој е херој на „Фуријата“ по пенал драмата против Швајцарија.
Селекторот Луис Енрике беше под притисок да го смени Симон со Давид де Хеа пред мечот со упорните Швајцарци, но тој реши да го остави Симон како стартер и да му ја даде целосната доверба во драматичниот меч кој заврши 1:1 по 120 минути.
Кога почна пенал-серијата и Серхио Бускетс ја погоди стативата, шпанските фанови сметаа дека работата е завршена, но тогаш на сцена стапи херојот на „Ла роха“. Никогаш наградата за човек на мечот не била позаслужена.
? Unai Simón. That’s how you react to a setback ???#EURO2020 | #EUROSOTM | @Heineken pic.twitter.com/RKykuBwqbF
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) July 2, 2021
What in the world!
Unai Simon’s unexplainable blunder rewards Croatia… Pablo Sarabia levelled up for Spain so it’s one all at Halftime #euro2020 #croatia ?? #spain ?? #football #SportsFocusGroup pic.twitter.com/AMrDnkBpyr
— SportsFocusGroup (@Sports4cusGroup) June 28, 2021