Менаџерот на Фулам, Славиша Јокановиќ, рекол дека 15-годишниот Харви Елиот, поради ставот што го имал на тренинзите, го заслужи дебито за сениорскиот тим. Младиот Англичанец, роден во 2003 година, синоќа стана најмладиот дебитант во историјата на Фулам.
Елиот, на натпреварот во Карабао купот помеѓу Фулам и Милвол (3:1), во играта влегол во 81.минута. Момчетo дебитираше за Фулам на возраст од 15 години и 174 дена.
„Елиот е талентиран фудбалер, сакавме да го видиме на сениорско ниво и тој покажа одреден квалитет. Брз е, брзо ги делеше топките. Веруваме дека го чека блескава иднина. Но, веќе в четврток сабајле мора да оди во училиште“, рекол менаџерот на Фулам и дополнил.
„Тој е одлично момче, неговиот став е арогантен во позитивна смисла на зборот. Како да сака да каже ‘сакам да ти покажам дека сум добар играч’. Јас на тоа велам ‘во ред, еве шанса, покажи се ‘. Секако, мора многу да напредува“, рекол Јокановиќ.