Шпанскиот селектор Луис Енрика го објави списокот на Шпанија за последните два квалификациски натпревари. Шпанија во последните две кола мора да ги победи Грција во Атина и Шведска на домашен терен за да го обезбеди првото место во групата.
Селекторот Ентрике на необичен начин го објави списокот. Сцената во која тој седи во ВАР соба и бира еден по еден фудбалер, привлече големо внимание на социјалните мрежи.
На спискот ги нема повредените Маркос Љоренте (Атлетико Мадрид), Микел Ојерзабал (Реал Сосиедад) и Џерар Морено (Виљареал).
Во репрезентацијата се вратија левите бекови Џорди Алба (Барселона) и Хосе Гаја (Валенсија), Алваро Мората (Јувентус), Дани Олмо (Лајоциг), Ансу Фати (Барселона) и Карлос Солер (Валенсија). Овие четворица поради повреди не учествуваа на завршниот турнир во Лигата на нации.
Место во ростерот на Енрике има и за Брахим Дијаз од Милан и Пабло Форналс од Вест Хем.
?? ¡¡NO CAMBIES DE CANAL!!
??♂️?? @LUISENRIQUE21 se pone a los mandos de la sala VOR de la Ciudad del Fútbol de Las Rozas para mostraros en las pantallas a los 2⃣5⃣ seleccionados para disputar los DECISIVOS partidos ante Grecia y Suecia.
?? ¡¡#VamosEspaña??!! #Catar2022 pic.twitter.com/Kt4uWMxL12
— Selección Española de Fútbol (@SeFutbol) November 5, 2021