Министерсот за спорт во владата на Италија Виченцо Спадафора предупредил дека не е сигурно дека Серија А ќе се игра оваа сезона.
Вечера италијанските медуми објавија дека италијанските клубови ќе започнат да тренираат на 18 мај.
„Не притискаат, но медицинскиот протокол ништо не гарантира“, рекол Спадафора.
Премиерот на Италија Џузепе Конте рекол дека на 4 мај ќе започне фазата кога на спортистите ќе им биде дозволено индивидуално да тренираат.
„Тренизите во група ќе продолжат на 18 мај, но само доколку условите за безбедност бидат потврдени во наредните неколку недели“, рекол Спадафора.
Идеално сценарио за Серија А е со тренинзите да се започне на зацртаниот датум, 18 мај, а потоа сезоната да продолжи на 2 јуни кога е планирано да бидат отворени и фризерските салоно, салоните за масажа…
„Не сакам да ја запрам сезоната, сепак морам да кажам дека не знаеме што ќе се случува бидејќи постои потреба да бидеме ригидни и постојат одредени протоколи за безбедност на спортистите. Фудбалскиот сојуз на Италија синоќа го претстави протоколот за безбедност кој струката го прогласи за недоволен. Потребна е доработка на протоколот. Само кога тоа ќе се случи и кога ќе постигнеме договор околу протоколот тогаш ќе решиме дали може да продолжи сезоната“, заклучил Спадафора.