Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја одби жалбата на Атлетико Мадрид по суспензијата од осум натпревари што му е изречена на Диего Коста.
Бразилецот со Шпански пасош поради навреди упатени кон судијата Хесус Хил Мансано беше исклучен во 28 минута на „Ноу Камп“ против Барселона.
„Комисијата за жалби ја одби жалбата која утрово ја испратија од Атлетико Мадрид“, стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Со оваа казна заврши сезоната за Диего Коста бидејќи до крајот на првенството во Шпанија остануваат уште седум натпревари.