Top Sport

Одбил да прими вакцина, клубот му врачил отказ!

Црногорскиот голман Милан Јеловац е отпуштен од својот клуб Иглс од Малдивите, откако одбил да се вакцинира против корона вирусот.

Јеловац објаснува дека сите во клубот морале да ја примат вакцината од „Астра Зенека“, но поради недовербата во британската вакцина, тој заедно со повеќето странски играчи во лигата одбил да биде „боцнат“.

„Се работи за ‘Астра Зенека’ и не сакав таква вакцина и не бев единствениот. Од четири странци во мојот клуб, тројца одбија да се вакцинираат. Не сум против вакцинација, но не ја сакав таа вакцина. На крајот по сите уцени ми дадоа отказ“, открива Јеловац во интервју за црногорскиот „Дан“.

Scroll to Top