Милански Интер нема да го откупи договорот на Лисандро Лопез од Бенфика, објави портуласки „Рекорд“.
Интер, имаше можност да го откупи договорот на аргентинскиот дефанзивец за сума од девет милиони евра. Одлуката на Интер е очекувана бидејќи Лопез оваа полу-сезона одигра само едно полувреме за „неро-азурите“.
Дефанзивецот наредната недела ќе се врати во Лисабон, а Бенфика најверојатно во летниот преоен рок ќе го продаде во Еспањол.
Интер за позајмицата на Лопез на Бенфика и платија 450.000 евра.