Иако се сметаа за големи фаворити во соседската битка, Полска загуби со 1:2 од Словачка во првиот меч од групата Е на ЕУРО 2020.
Словаците од почеток се покажаа како цврсти противници, издржувајќи ги нападите предводени од Роберт Левандовски (кој беше речиси невидлив во првото полувреме), за Словаците да ги шокираат во 18. минута, кога ветеранот Роберт Мак имаше фантастичен пробив и успеа да го совлада Војчех Шчесни. Голот беше забележан за Шчесни, бидејќи топката се одби од неговата глава, со што голманот на Јувентус стана првиот голман кој си дал автогол на едно Европско првенство.
Полскиот притисок продолжи до крајот на полувремето, а по само 48 секунди во второто полувреме, фудбалерот на Торино, Карол Линети да израмни на 1:1. Полскиот обид за камбек беше уништен во 62. минута кога Гжегож Криховијак доби втор жолт картон, оставајќи ги со десет играчи.
Само седум минути подоцна, по еден корнер, Милан Шкринијар постигна убав гол од далечина за импресивен старт на Словачка, посебно во една тешка група во која се наоѓаат и Шведска и Шпанија.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк