Top Sport

Циципас дознал за смртта на својата баба 5 минути пред финалето со Ѓоковиќ

Финалистот од Ролан Гарос, Стефанос Циципас откри дека неговата баба починала пред стартот на финалето во Париз против Новак Ѓоковиќ.

22-годишниот грчки тенисер имаше два сета предност пред да загуби со 6:7(6)/2:6/6:3/6:2/6:4 од светскиот рекет број 1, и денеска преку социјалните мрежи откри дека неговата „сакана баба ја загубила битката“ пет минути пред да излезе на теренот „Филип Шартие“.

„Благодарност што го одгледа мојот татко на мудрата жена чија верба во животот не може да се спореди со било кој човек кој сум го сретнал. Би било многу убаво да има повеќе луѓе како неа на овој свет, бидејќи со нив се чувствувате живи. Ве тераат да го живеете сонот“, вели Циципас.

Scroll to Top