Top Sport

Одложени мечевите Јунајтед-Лидс и Челси-Ливерпул

Дерби мечевите Челси-Ливерпул и Манчестер јунајтед-Лидс закажани за во сабота се одложени поради големиот проблем со недостатокот на полицајци во Велика Британија поради нивната ангажираност за погребот на кралицата Елизабета Втора, но седум други мечеви од Премиерлигата ќе се оддржат во текот на викендот.

Фудбалските мечеви беа одложени минатиот викенд во контроверзна одлука, но фудбалот се враќа на Островот прво со мечевите во европските купови (освен дуелот Арсенал-ПСВ), пред во текот на викендот да имаме скратена програма без мечевите на „Стемфорд Бриџ“ и „Олд Трафорд“, откако властите очекуваат најмалку милион луѓе да пристигнат во Лондон во 48-те часа пред погребот на кралицата, кој ќе се оддржи во понеделник. Мечот Брајтон-Кристал палас, кој претходно беше откажан поради штрајкот на железничарите (кој сега е откажан) исто така нема да се оддржи.

Scroll to Top