Алваро Одриозола по серија позајмици ова лето си замина од Реал Мадрид со постојан трансфер во својот стар клуб, Реал Сосиедад, и сега вели дека иако научил многу од врвните тренери на „Сантијаго Бернабеу“ го оценува кралскиот клуб како „чуден и посебен“.
Одриозола имаше само 49 настапи во пет години во Реал, со вкупно 3.340 минути, а беше позајмен и во Баерн Минхен и во Фиорентина.
„Имам среќа што претседателот на Сосиедад, Хокин Аперибај ме сака и реши да ме врати. Морам да се заблагодарам и на Реал, на Флорентино Перез и Хозе Анхел Санчез што ми олеснија да се вратам дома и ќе бидам вечно благодарен. Имав тешки месеци, а Реал Мадрид е како докторат во многу работи, вклучувајќи го фудбалот и обичниот живот. Мадрид е чуден и посебен клуб, каде што имате најголем конкуренција на светот. Зидан, Лопетеги, Солари, Анчелоти, научив многу од нив, иако некои работи не беа на место за мене. Сега одиме понатаму“, вели Одриозола.