Босанскиот голам, Асмир Беговиќ наредните 6 месеци од фудбалската кариера ќе ги помине на „Сан Сиро“, на позајмица во дресот на Милан.
Таму ќе го замени шпанскиот чувар на мрежата, Пепе Реина (37) кој кариерата ќе ја продолжи во премиерлигашот Астон Вила. Шпанецот исто така ќе биде на 6-месечна позајмица во Вила, а неговиот договор со Росонерите е до јуни 2021 година.
Тој во Милан дојде од редовите на Наполи како слободен агент во летото 2018 година, а претходно меѓудругото беше дел и од Барселона, Ливерпул и Баерн Минхен.
„Успеавме да го осигураме играчот кој има богато искуство во ПЛ. Летоска баравме искусен голман и го доведовме Том Хитон. За жал, поради повреда не може да игра до крајот на сезоната, а Пепе се вклопува во нашиот критериум, не само поради искуството, туку и поради лидерските способности“ рече менаџерот на Вила, Дин Смит.
Од друга страна, Беговиќ денеска ги мина лекарските прегледи, а на „Сан Сиро“ доаѓа од екипата на Борнмут, откако првата полусезона ја помина на позајмица во азербејџански Карабах.
Во кариерата Босанецот бранеше за Портсмут, Стоук и Челси.
На голот на Милан може да се најде уште утре, на меч од Купот на Италија против СПАЛ затоа што Џанлуиџи Донарума има лесна повреда на мускул.