Top Sport

Огномет пред хотелот во 2 наутро за „кралевите“ да не склопат око пред дуелот со Ливерпул

Фудбалерите на Реал Мадрид немаа пријатна ноќ во Ливерпул, каде вечерва треба да истрчаат на „Енфилд Роуд“ во првиот осминафинален мел од Лигата на шампионите.

Фановите на англискиот клуб им приредија спектакуларен огномет на „кралевите“ пред хотелот во 2 часот наутро, со цел да го разбијат нивниот сон и можеби да ги оневозможат во пресрет на фудбалската пресметка.

Ливерпул нема победа во последните шест меѓусебни дуели против Реал Мадрид и се надева дека вечерва ќе ја прекине лошата серија.

Scroll to Top