Крадци го „посетиле“ домот на Иван Перишиќ, додека тој со хрватската репрезентација се подготвувал и играл во квалификациите против Велс, и во пријателскиот меч со Тунис.
Од домот на Перишиќ во Милано биле однесени часовници, негови и на неговата сопруга чија предност изнесува 82.000 евра.
„Ла стампа“ открива дека по враќањето во Милано, Перишиќ еднаш го пријавил грабежот во полиција. Станот на Перишиќ се наоѓа на 19 кат во зградата на комплексот „Боско Вертикале“ во Милано.
Крадците однеле три часовници, от кои два биле на сопругата на Перишиќ, еден „Ролекс“ вреден 20.000 евра и еден часовник „Каролина Бучи“ вреден 50.000 евра. Фудбалерот останал без 12.000 евра вредниот часовник „Хаболт“.
Интересно крадецот или крадците ги однел само часовниците, а не ги чепнал парите и накитот.