Крадци влегле во домот на фудбалерот на Манчестер сити Ријад Марез. Според англиските медиуми крадците однеле часовници и 50.000 фунти.
Марез останал без скапоцениот часовник од колекцијата „Ришар Мил“ вреден 230.000 фунти. Исто така разбојниците однеле два часовника „Ролекс“ секој вреден по 50.000 фунти.
Неодамна беше ограбен и фудбалерот на Тотенхем Деле Али. И од неговиот дом бил украден часовник „Ришар Мил“ вреден 150.000 фунти.
За разлика од Деле Али кој во моментот на грабежот бил во својот дом и добил неколку удар од крадците, во домот на Марез кога бил извршен грабежот немало никој.