Top Sport

Огромен пад на акциите на Манчестер Јунајтед

Вредноста на Манчестер Јунајтед на Њујоршката берза падна за 629 милиони долари по објавата дека сопствениците, семејството Глејзер, одлучиле да не го продаваат клубот.

Пред девет месеци, Глејзерови објавија дека целосната продажба на акциите е меѓу опциите што се разгледуваат како дел од стратешкиот преглед на клубот од „Олд Трафорд“.

Катарскиот шеик и британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф дадоа понуди за купување на Манчестер Јунајтед, но во оваа фаза тие не беа прифатени и покрај незадоволството на навивачите и нивната желба продажбата да биде финализирана што е можно побрзо.

Сепак, надежите за целосна продажба се чини дека беа уништени кога медиумите на Островот објавија дека сопствениците го симнуваат клубот од пазарот и дека ќе се обидат повторно да го продадат во 2025 година.

Scroll to Top