Top Sport

Батистута ќе биде кандидат за градоначалник на Фиренца?

Екстремно десничарските партии во Италија размислуваат да го номинираат Габриел Батистута за кандидат за градоначалник на Фиренца следната година, тврди „Ла Национе“. Според изданието, партиите „Fratelli d’Italia“ и „Lega“, кои имаат мнозинство во италијанскиот парламент, веќе разговарале со легендата на Фиорентина.

Батистута е почесен граѓанин на Фиренца, но моментно нема италијанско државјанство, што значи дека нема право да се кандидира.

Други поранешни фудбалери се дел од политиката во Италија. Поранешниот играч од средниот ред на Рома, Дамијано Томази е градоначалник на Верона, а поранешен голман на Фиорентина беше екстремно десничарски кандидат за градоначалник на Фиренца во 2009 година.

 

Scroll to Top