Аргентинскиот фудбалер Лукас Окампос до крајот на сезоната ќе игра за Ајакс како позајмен играч од Севилја, потврди денеска холандскиот клуб.
„Ајакс потпиша договор со Севилја и Лукас Окампос. Аргентинецот ќе игра како позајмен од Севилја, со која моментално е под договор. Позајмицата ќе трае една сезона, до 30.јуни 2023 година, со опција за откуп на договорот. “, објави Ајакс.
Според холандскиот печат, Ајакс на крајот од сезоната ќе може да го откупи договорот на Окампос за 16.000.000 евра.
Окампос пристигнува во Ајакс за да го надомести заминувањето на Бразилецот Антони во Манчестер Јунајтед за 95.000.000 евра.
Аргентинецот пристигна во Севилја во 2019 година, а за тимот од Андалузија одигра 135 натпревари и постигна 34 гола.
Пред Севиља, Окампос играше за Ривер Плата, Монако, Џенова и Милан и Олимпик Марсеј.