Прославениот фудбалер од Нигерија, Џеј Џеј Окоча, решил да му „помогне“ на Мохамед Салах, околу изборот на новиот клуб. Окоча смета дека Салах треба да го напушти Ливерпул.
„Доколку постои и најмала шанса да замине во Барселона, би го советувал да го направи тоа. Неговата енергија во Ливерпул исчезна“, рекол Окоча.
Салах, во 2016 година за 40 милиони евра од Рома се пресели во Ливерпул. Египќанецот за Ливерпул досега одиграл 186 натпревар, постигнал 118 голови.