Top Sport

Вилнев: Шумахер не респектираше никого (видео)

Поранешниот Ф1 шампион, Жак Вилнев вели дека неговиот ексривал, Михаел Шумахер покажувал „тотално непочитување“ кон сите и тоа придонело за почеток на ера во која многу млади возачи возат неодговорно, така што е чудно што нема повеќе инциденти.

Вилнев и Шумахер имаа интересна битка за титулата во 1997 година, која заврши контроверзно, кога Германецот директно се судри во болидот на Вилијамс на Вилнев на последната трка од сезоната во Херез. По инцидентот Шумахер беше дисквалификуван, а Вилнев стигна до целта и ја освои својата прва светска титула. Овој инидент се случи откако во 1994 година, Шумахер на сличен начин ја освои титулата по судир со Дејмон Хил, за што остана неказнет.

„Тој имаше недостаток на респект за другите возачи и за самото тркање. По него започна ерата кога сите го прават истото. Гледајте Формула 2 или Формула 3 и навистина сме среќни што немаме неколку смртни случаи секоја година. Во Формула 1 е слично – сите менуваат страни на сопирање и тоа не треба да го гледаме“, вели Вилнев за весникот „Експресен“.

Сепак, Канаѓанецот вели дека на повидок е нова ера, бидејќи сегашниот шампион Луис Хамилтон е многу пофер возач.

„Луис е одличен бидејќи досега не направил ништо надвор од границите. Тоа е огромна разлика, тој е џентлмен на патеката. Брз возач, но чист“, објаснува Вилнев.

Scroll to Top