Top Sport

Ole at the wheel – времеплов во кариерата на Солскјер – 0 трофеи, само 54 отсто победи!

Откако Оле Гунар Солскјер стана „бивши“ во Манчестер јунајтед, британскиот „Гардијан“ ги потсети навивачите на „ѓаволите“ на клучните датуми во периодот во кој Норвежанецот беше на чело на клубот.

19 декември 2018 Јунајтед го именуваат Солскјер како преоден менаџер еден ден откако го отпуштија Жозе Мурињо, а Норвежанецот потпиша договор со Молде еден месец претходно. Коментаторите не се убедени. „Дали, ова се местото каде што се Јунајтед? Навистина, најголемиот клуб на светот со преоден менаџер кој работи во Молде“, се прашува Роби Севиџ.

22 декември 2018 Јунајтед го победуваат поранешниот клуб на Солскјер, Кардиф со 5:1 во првиот меч. Тој станува првиот менаџер на Јунајтед со победа во првите пет меча по Сер Мет Базби во 1946 година и ја добива наградата за менаџер на месецот. „Ова е само почеток“, вели Солскјер.

28 март 2019 По победа во 14 од 19 меча, Солскјер станува постојан менаџер на клубот со тригодишен договор. „Ова е работа за која секогаш сонував“, вели Солскјер. Јунајтед сезоната ја завршуваат на шестото место.

26 јули 2020 На крајот на солидната сезона, Јунајтед завршуваат трети, само вторпат во топ 3 по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон. Играат во полуфиналињата на Лига купот, ФА купто и Лига Европа, но губат во трите дуели.

4 октомври 2020 Јунајтед губат дома со 1:6 од Тотенхем. „Ова е најлошиот ден во мојата кариера како менаџер на Манчестер јунајтед. Но, сме се враќале и порано“, вели Солскјер. Таа сезона, Јунајтед не ја поминува групната фаза во ЛШ, губат во финалето на Лига Европа од Вилјареал. Завршуваат втори на табелата со 77 поени, а забележуваат и легендарна 9:0 победа над Саутемптон.

4 јули 2021 Солскјер потпишува тригодишно продолжување на договорот. Во преодниот рок, „ѓаволите“ се активни и ги носат Џејдон Санчо, Рафаел Варан, а тука е и емоционалното враќање на Кристијано Роналдо. „Под водство на Оле, одиме во вистинска насока“, вели извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд.

18 септември 2021 Јунајтед победуваат со 2:1 кај Вест хем за да постават рекорд – 29 премиерлигашки гостински натпревари без пораз.

24 октомври 2021 Јунајтед губат со 0:5 дома од Ливерпул, во „најцрниот ден“ за Солскјер. „Дојдовме предалеку за да се предадеме. Јас не сум научен така. Ова е најниското, но ја прифаќам одговорноста и одиме напред“, вели Солскјер.

6 ноември 2021 Притисокот расте – Јунајтед губат со 0:2 од Манчестер сити, иако резултатот според играта требаше да биде повисок.  „Не сме на исто ниво и мораме да се поглденеме во огледало“, вели Бруно Фернандеш.

20 ноември 2021 Пораз од 4:1 кај Вотфорд. „Тешко е да се објасни, се наоѓаме во тежок момент. Верувам во мојот тим, моите играчи и во самиот себе“, вели Солскјер. Јунајтед на итен состанок на бордот решаваат да го отпуштат. „Оле секогаш ќе биде легенда на клубот“, велат од Јунајтед.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Официјално – Оле Гунар Солскјер си замина од Манчестер јунајтед!

Scroll to Top