Поранешниот селектор на Англија, Сем Олердајс, ја одбил понудата да стане нов тренер на Њукасл. Кубот од „Сент Џејмс парк“ остана без тренер пред две недели кога оставка си поднесе Рафа Бенитез.
Олердајс е еден од тренерите што се поврзуваа со Њукасл, чија понуда претходно ја одбиле Жозе Мурињо и Стивен Џерард.
Инаку, Олердајс во минатото (сезона 2007/2008) бил тренер на „страчките“.
„Чест за мене е што см дела од кандидатите за тренер на Њукасл, но тука има една важна работа – никогаш не се враќај“, изјавил Олердајс за „Токспорт“.
Искусниот тренер рекол и дека околу понудата не разговарал со сопственикот Мајк Ешли.
„Ме контактираше мојот менаџер, јас размислив, ја анализирав ситуацијата и љубезно ја одбив понудата. Не е тоа за мене. Можеби доколку беше прв пат ќе се согласев да влетам во таа работа. Ја ценам понудата, но бев изненаден“, заклучил „Биг Сем“.
Откако Олердајс ја одбил понудата, според англиските медиуми најсериозен кандидат за тренер на Њукасл бил актуелниот менаџер на Шефилд Венздеј, Стив Брус.