Top Sport

Олимпик Марсеј, конечно, го купија Гендузи од Арсенал

Олимпик Марсеј потврдија дека ја искористиле опцијата да го направат постојан трансферот на фудбалерот на Арсенал, Матео Генузи, плаќајќи 10.5 мииони евра за францускиот репрезентативец по успешната позајмица.

Гендузи се пресели на „Велодром“ во јули 2021 година по конфликтот со менаџерот на Арсенал, Микел Артета, и успеа да ја врати кариерата на вистински пат, постигнувајќи 5 гола и асистирајќи 14 пати во 55 настапи за тимот на Хорхе Сампаоли за второ место во Лига 1. 23-гоидишниот Гендузи потпиша тригодишен договор со Марсеј и ќе остане таму барем до 2025 година.

Гендузи е еден од повеќето фудбалери кои Арсенал се обидува да ги продаде ова лето – се преговара со Фиорентина за постојан трансфер на Лукас Тореира, кој исто така беше позајмен минатата сезона, Ектор Белјерин има желба да се врати во Реал Бетис, а на трансфер-листата се и Пабло Мари, Ејнсли Мејтленд-Најлс, голманот Бернд Лено и рекордното засилување на клубот, Никола Пепе, доколку се најде купувач.

Scroll to Top