Top Sport

Тајсон бил на „магични печурки“ кога боксувал со Џонс Јуниор!

Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон открива дека кога го направи камбекот во боксерскиот ринг во ноември 2020 во егзибицискиот меч против Рој Џонс Јуниор, бил под дејство на „магични печурки“, и додава дека да го знаел ефектот на психотропните супстанции ќе ги користел за време на неговат кариера.

Мечот помеѓу 56-годишниот Тајсон и Џонс Јуниор беше егзибициски и заврши без победник по осум рунди.

„Печурките ми помагаат да тренирам, да боксувам подобро. Кога сум во рингот, не ги чувствувам ударите. Тоа е навистина магично ср.ње! Видовте каков бев. Веќе не би боксувал без нив, и секако, малку трева. Би сака да го знаев порано ова во мојата кариера, постојано ќе земав“, вели Тајсон.

Тајсон подолго време не го крие користењето на халуциногени дроги, велејќи дека тие му помогнале да го „сврти“ својот живот во вистински правец.
Mike Tyson says he was on magic mushrooms when he fought Roy Jones Jr.

Тајсон: Марихуаната и магичните печурки ми помогнаа да го најдам Бог

Мајк Тајсон: Халуциногените печурки ми го спасија животот

Scroll to Top