Top Sport

Олимпик Марсеј на врвот на француската лига

Олимпик Марсеј на Игор Тудор (барем привремено) се искачија на првото место на табелата во француската Лига 1 по убедливата 0:3 победа на гости кај Анжер, нивна седма победа во првите девет кола во новата сезона.

Жонатан Клаус ги донесе гостите во водство во 35. минута, за потоа во второто полувреме да го комплетира одличниот меч со две асистенции, прво до (Колумбиецот) Луис Суарез во 50. минута, а девет минути подоцна и до Жерсон.

ОМ сега имаат 23 поени на врвот на табелата, еден поен пред Пари Сен-Жермен, кои утре ја пречекувааат Ница.

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top