Top Sport

Браќата Вилијамс го кренаа Билбао на третото место

Ињаки и Нико Вилијамс „блеснаа“ за Атлетик Билбао да стигне до убедлива 4:0 победа над Алмерија за петта победа во првите седум кола на Ла лига и искачување на третото место на табелата зад Реал Мадрид и Барселона.

Ињаки Вилијамс, кој го продолжи рекордот по бројот на последователни настапи во еден шпански тим, го отвори резултатот во 10. минута по асистенција на неговиот помлад брат Нико. Оихан Сансет само 17. минути подоцна зголеми на 2:0, за откако во 50. минута му беше поништен втор гол на Ињаки, тој да му асистира на неговиот брат Нико во 62. минута за 3:0. Конечните 4:0 ги постави Микел Весга со гол од пенал во 84. минута.

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top