Олимпик Марсеј немаше победа на последните три натпревари во француското првенство, но тоа го остави зад себе со триумфот од 1:4 на гости кај Брест. Жерсон уште во третата минута обезбеди предност, а Аркадиуш Милик ја удвои на почетокот на вториот дел. Амин Харит зголеми на 0:3, а во финишот Брест преку Ирвин Кардона постигна почесен погодок.
Конечниот резултат го постави Ченгиз Ундер во судиското продолжение од мечот.