Top Sport

Интер едвај спаси бод, но сега веќе не е прв фаворит за титулата во Серија А

Италијанскиот првак Интер сериозно си ги намали шансите за одбрана на титулата откако ремизираше 1:1 на гости кај Торино. Всушност, тимот на Симоне Инзаги се спаси од пораз, со оглед дека Алексис Санчез донесе израмнување во третата минута од судиското продолжение.

Бремер обезбеди предност за Торино во 12.минута, а „нероаѕурите“ долго не можеа да ја пробијат одбраната на домаќинот.

Интер сега заостанува четири бода зад лидерот Милан, а има одиграно еден натпревар помалку.

Scroll to Top