Top Sport

Олимпик Марсеј во Брест ја прекина серијата без триумф

Олимпик Марсеј немаше победа на последните три натпревари во француското првенство, но тоа го остави зад себе со триумфот од 1:4 на гости кај Брест. Жерсон уште во третата минута обезбеди предност, а Аркадиуш Милик ја удвои на почетокот на вториот дел. Амин Харит зголеми на 0:3, а во финишот Брест преку Ирвин Кардона постигна почесен погодок.

Конечниот резултат го постави Ченгиз Ундер во судиското продолжение од мечот.

Scroll to Top