Top Sport

Оливер Кан: Имам чувство дека во Баерн Минхен сѐ се распаѓа

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, е страшно разочаран од ситуацијата по поразот (1:3) од Лајпциг во 33. коло од Бундеслигата. Баерн Минхен е на прагот да ја загуби титулата во Германија за првпат по сезоната 2011/2012 година. Тоа беше последната сезона која баварскиот клуб ја заврши без трофеј.

„Имавме многу, премногу грешки оваа сезона. Се чувствувам како сѐ да се распаѓа. Како што одминуваше натпреварот, како да имав сѐ посилно чувство дека не можеме да победиме. Сега ситуацијата веќе не е во наши раце и тоа е горчливо чувство. Огромно е разочарувањето, но самите се доведовме во оваа ситуација“, изјави Оливер Кан.

Баерн Минхен има бод предност пред Борусија Дортмунд, но „милионерите“ денеска му гостуваат на Аугсбург, кој се бори за опстанок, во претпоследното коло од Бундеслигата.

Scroll to Top