Top Sport

Оливер Кан ќе го плати цехот за неуспесите на Баерн?

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, наскоро би можел да биде сменет од функцијата во клубот по елиминацијата на Баварците во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Според германските медиуми, прашање е само на време кога тоа ќе се случи.

Меѓу главните кандидати за негов наследник е Филип Лам, кој, сепак, моментно е директор на организацијата на ЕП 2024 во Германија.

Малку поинаква е ситуацијата со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој засега може да биде сигурен за својата функција, бидејќи, како што се вели, тој е „човек на Ули Хенес“.

Легендарниот голман стана член на бордот на директори на Баерн во јануари 2020 година, а една година подоцна ја презеде функцијата извршен директор.

Scroll to Top