Top Sport

Реал Мадрид без Алаба до крајот на април

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, ќе ги пропушти следните неколку натпревари на тимот поради повреда на мускулот. Репрезентативецот на Австрија одигра едно полувреме и беше заменет на одморот на реваншот против Челси во Лигата на шампионите.

Според шпанскиот весник „Марка“, Алаба има делумно кинење на тетивата, но ќе може да се опорави навреме за финалето од Купот на Кралот против Осасуна на почетокот на мај.

Се очекува фудбалерот да ги пропушти натпреварите на Реал Мадрид против Селта Виго, Џирона и против Алмерија во Ла Лига, закажани за 22, 25 и за 29 април.

Scroll to Top