Дани Олмо е еден од играчите кого Барселона ќе се обиде да го донесе на „Ноу Камп“ во зимскиот преоден рок. Не е тајна дека и шпанскиот репрезентативец, инаку играч на Лајпциг, сака да се врати дома. И покрај тоа што постои желба за соработка кај двете страни, „Мундо Депортиво“, тврди дека трансферот нема да се случи во јануари.
Овој извор објави дека во текот на оваа недела, претставници на Барселона ќе се сретнат со менаџерот на Олмо, Хуамна Лопез. Тие состанокот го договориле пред еден месец, кога Барселона му гостуваше на рајо Ваљекано. По тој меч Роналд Куман доби отказ.
„Мундо Депортиво“, пишува дека Олмо и пред да започнат преговорите на Барселона и соопштил лоша вест. Лајпциг нема намера да го пушти во зимскиот преоден рок. Потребен му е на тимов кој ќе се обиде да избори пласман во Лигата на шампионите.
Поради ова, Барселона може да го договори трансферот на Олмо во јануари, но тој би се преселил на „Ноу Камп“ по завршувањето на сезоната.