Top Sport

Олмо ќе се пресели во Манчестер сити

Дани Олмо е еден од неколкуте фудбалери за кои се шпекулира дека во јануарскиот преоден рок ќе го смени клубот. Олмо најчесто се поврзува со Барселона, меѓутоа италијанскиот новинар, Николо Шира, тврди дека Олмо ќе се пресели во Премиер лигата.

Новинарот пишува дека Манчестер сити биле сериозно заинтересирани за фудбалерот на Лајпциг.

„Пеп Гвардиола е воодушевен со ѕвездата на Лајпциг“, пишува Шира.

Олмо со Лајпциг има договор до јуни 2024 година.

За да го реализира трансферот на Олмо, Гвардиола планира да го продаде Феран Торес во Барселона. Фудбалерот, според шпанските медиуми, има договор со Барса, останува клубовите да го договорат обесштетувањето.

Тоа ќе оди малку потешко, Барселона нуди 40.000.000 евра, Сити за Торес бараат речиси 70.000.000 евра.

Лајпциг нема да го продадат Олмо за помалку од 75.000.000 евра. Ситуацијата околу Олмо внимателно ја следат и во Динамо Загреб. Од овој клуб Шпанецот за 22.000.000 евра се пресели во Германија.

Динамо, според договорот со Лајпциг, од евентуалниот трансфер ќе добие 20 отсто.

Scroll to Top