Top Sport

Рекорд на франшизата – Финикс славеа против Детроит

Финикс Санс против Детриот Пистонс ја продолжија победничката низа. Оваа генерација на Санс ја има најдолгата победничка низа во историјата на франшизата. Триумфот над Детроит 114:103 е 18.во низа. Во сезоната 2006/07, Санс имаа серија од 17 победи.

Без најдобриот играч, Девин Букер, Санс лесно се справија со еден од најслабите тимови во лигата. Камерон Пејн постигна 19 поени, Мајкл Бриџис 18,а Диандре Ејтон забележа 17 поени и 12 скокови.

Кај Детроит со 34 поени се истакна поранешниот играч на Денвер, Џереми Грент.

Со овој триумф Санс ја презедоа лидерската позиција во лигата од Голден стејт Вориорс. Финикс имаат 19 победи и три порази.

Scroll to Top