РБ Лајпциг се искачи на третото место во Бундеслигата со девет поени заостанување зад Баерн Минхен, откако во „гол-шоу“ на „Рајненерги“ стигнаа до 4:2 победа над Келн.
Домаќините дојдоа до рано водство, кога уште во седмата минута Џон Кордоба го совлада Петер Гулачи, но Ред бул ја врати контролата на мечот до полувремето преку Петер Шик (20. минута) и Кристофер Нкунку (38. минута).
Во второто полувреме, фантастичниот Тимо Вернер го постигна својот 25. гол оваа сезона во германскиот шампионат во 50. минута, пред домаќините да најават дека не се откажуваат само пет минути подоцна преку Антони Модест. Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Дани Олмо постигна уште еден прекрасен гол, негов прв во Бундеслигата во 57. минута за да осигура три поени за Лајпциг.
Баерн има 67 поени на врвот на табелата, Борусија Дортмунд се на 60, а Лајпциг на 58. Келн остануваат 11-ти со 34 поени.