Top Sport

Оние кои играат во Европа ќе имаат една недела за подготoвки пред СП

Играчите кои настапуваат во Европа, една недела пред почетокот на Светското првенство во Катар, ќе им се приклучат на своите национални тимови. Ова го објави „Екип“, повикувајќи се на таен документ кој УЕФА им го испратила на клубовите.

Овој извор тврди, дека во документот стои, дека играчите од клупските обврски ќе бидат ослободени на 14.ноември 2022 година. Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември 2022 година.

Одлуката на УЕФА е скандалозна, бидејќи селекторите нема да имаат време да ги спроведат планираните подготовки.

Досега, пред сите големи натпреварувања, националните тимови имаа околу три недели за подготовки.

УЕФА одби да ги коментира наводите објавени во „Екип“.

Scroll to Top