Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора потврди дека научниот комитет на владата го одобри протоколот за тимско тренирање веќе од понеделник и најави дека е оптимист за рестартирање на сезоната во Серија А

Италијанската влада беше во конфликт со Серија А и федерацијата околу тоа кои мерки треба да се преземат за безбедно враќање на фудбалот на „чизмата“, и сега по барањето на федерацијата протоколот беше модификуван.

„Помогнавме на спортските работници и сфаќам дека момците сакаат да играат повторно по два и пол месеци пауза, во кои покажаа одговорност, но потребни се мерки за претпазливост. Протоколот за тренинзи е објавен и тие можат да почнат со тренинзи, додека за судбината на сезоната ќе се одлучува на 28 мај, откако во понеделник ќе го добиеме протоколот за рестарт на федерацијата. Сакам да бидам оптимист, бидејќи цела Италија се рестартира, а фудбалот е индустрија и страст за сите Италијанци“, вели Спадафора.