Серж Орие е очаен да избега од Жозе Мурињо во Тотенхем и сака клубот да го прифати трансферот во Милан, посебно по пристигнувањето на Мет Доерти од Вулверхемптон.
„Росонерите“ подолго време се поврзувани со десниот бек и веќе им беше одбиена понудата од 13 милиони фунти, бидејќи Тотенхем сака барем уште пет милиони повеќе. Според „Дејли стар“, Орие одбил да биде дел од трансферот на Доерти, односно да се пресели во Вулверхемптон и сака трансферо во Милан.
Орие сакаше да замине од Тотенхем и минатото лето, но потоа беше редовен стартер под Жозе Мурињо по заминувањето на Маурисио Почетино. Но, и покрај ова, тој неколку пати влегуваше во конфликт со Мурињо и сега би сакал да замине во Милан, кои се во потрага по десен бек и имаат други опции во Сандро Тонали, Тиемуе Бакајоко и Брахим Дијаз.