Top Sport

Ориги сака да замине од Ливерпул, Милан први кандидати

Дивок Ориги ги информирал Ливерпул дека сака да замине од клубот ова лето во обид да добие поголема минутажа, тврди „Фудбал инсајдер“.

26-годишниот „џокер“ на Јирген Клоп доби понуда за продолжување на договорот, кој му завршува во 2024, но тој најверојатно ќе го одбие за да замине во клуб каде што ќе добие поголема шанса, посебно по пристигнувањето на Луис Дијаз на „Енфилд“.

Белгиецот, кој имаше повреда на коленото во декември, има само 5 старта во 14 настапи оваа сезона, од кои ниту еден во Премиерлигата. Милан се фаворити за неговиот потпис, бидејќи им треба засилување во нападот по најверојатното заминување на Франк Кеси.

Scroll to Top