Top Sport

Орсато е најдобриот фудбалски судија во 2020?

Само неколку дена откако беше судија во еден контроверзен меч од Лигата на шампионите, италијанскиот стручњак Даниеле Орсато е именуван за најдобриот фудбалски судија во 2020.

Во 33-тото годишно истражувањето на ИФФХС (Интернационалната федерација за историја и статистика во фудбалот), статистиката го поставува Орсато на врвот поради неговиот квалитет.

Наградата доаѓа откако Орсато беше критикуван во британските и француските медиуми за мечот од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен (1:3), откако не му покажа црвен картон на Фред и покрај неговиот очигледен обид да удри со глава противнички фудбалер.

45-годишниот судија од Виченца, исто така беше главен судија на финалето на Лигата на шампионите во 2019/20 помеѓу Пари Сен-Жермен и Баерн Минхен.

Дали Орсато згреши? Паредес можеби глумеше, но Фред заслужи црвен (ОБНОВЕНО – на крајот доби црвен!)

Капело: Судењето на Орсато беше вистински кошмар

Scroll to Top