Top Sport

Орсато ќе им суди на Аргентина и Хрватска

Утре ќе се одигра првото полуфинале на Светското првенство во Катар. ФИФА одреди кој ќе им суди на Аргентина и Хрватска.

Дуелот се игра во вторник од 20 часот, а во среда во истиот термин во второто полуфинале ќе се сретнат Мароко и Франција.

Главен судија во првото полуфинале ќе биде добро познатиот Италијанец Даниеле Орсато.

Искусниот судија веќе им судеше на Аргентинците на овој шампионат, во второто коло кога Гаучосите беа подобри од Мексико (2:0), додека беше главен судија и на отворањето на Светското првенство, го судеше дуелот Катар и Еквадор (0:2).

Scroll to Top